октомври 23, 2024

Јапонецот Хироки Ито скршил коска на стапалото, потврди неговиот клуб Баерн Минхен.

„Дефанзивецот се здоби со скршеница на метатарзалната коска во неделата на пријателскиот натпревар против Дирен (1-1). Дијагнозата ја потврди скенерот“, соопштија од баварскиот гигант.

Ито летово се пресели во Баерн од Штутгарт, каде играше три сезони. Баерн за неговиот трансфер издвои 28 милиони евра.

Овој 26-годишен играч кој ги покрива позициите стопер и лев бек, минатата сезона учествуваше на 26 натпревари во Бундеслигата и уште три во Купот на Германија.

The post Проблем за Баерн, Ито скрши коска во стапалото appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK