октомври 23, 2024

Мултимедијлниот настан „Уметност и музика 2024“ во организација на Градскиот музеј Крива Паланка ги обедини различните уметнички изрази и понуди разновидна креативна содржина на посетителите.

Преку слики, графики, скулптури и инсталации во просторот, сето тоа придружено со музички перформанс на џез составот „Гордан Спасовски трио“, беше сублимирана и прикажана уметничката работа на младите уметници од градот.

– Она што го правиме има цел да ја доближиме уметноста до младите, до луѓето што ќе ги негуваат културата и уметноста на Крива Паланка и после нас и ќе ја шират низ универзумот, истакна директорот на Градскиот музеј Драган Величковски.

На мултимедијалниот настан беше поставена изложба од делата на младите уметници кои твореа под менторство на академските уметници Нела Јанковска и Анета Стојчевска – скулторки, Роберт Цветковски – сликар и Стефан Младеновски – графичар .

-Публиката му дава посебна вредност и значење на творештвото, бидејќи уметноста, доколку нема посетители, ќе биде изолирана, како да не постои. Затоа, ви благодарам на сите што со вашата поддршка му давате посебна важност на ово настан, рече Ѓорги Костовски, историчар на уметност во ЛУ Градски музеј Крива Паланка.

Настанот е дел од Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата 2024“.

The post Mултимедијалниот настан „Уметност и музика“ во Крива Паланка ги обедини различните уметнички изрази appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK