октомври 23, 2024

Репрезентативката на Јужна Кореја во стрелаштво Хјоџин Бан го освои златниот медал во дисциплината 10 метри воздушна пушка на Олимписките игри во Париз.

Бан претпладнево, во драмтичноот финале ја победи Јутин Хуанг од Кина. Бан победи со резултат од 251,8 круга.

Сребрениот медал го освои Кинеската Јутин Хуанг со исто така 251,8 кругови, но беше нешто понепрецизна од Бан. Швајцарската репрезентативка Одри Гоњат ја освои бронзата со 230,3 кругови.

Во оваа дисциплина, вчера во квалификациите настапи Анастасија Мојсовска. Во конкуренција на 43.натпреварувачки таа го освои 31.место.

Со денешната победа на Бан продолжи доминацијата на натпреварувачките од Јужна Кореја во стрелаштво.

Претходно во неделата, Џин Је О го освои златниот медал во дисциплината воздушен пиштол 10 метри.

Таа победи со олимписки рекорд од 243,2 круга.

The post Бан „златна“ во дисциплината 10 метри воздушна пушка, Мојсовска го освои 31.место appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK