октомври 23, 2024

После 4 месеци од објавувањето на песната ,,Друго’’, пејачката Ивона Јо реши на македонската јавност да и подари уште едно музичко парче.

,,Тие очи’’ е насловот на новата песна, која воедно е и втор сингл на Ивона за оваа година.

Ова е модерна поп-песна со побрз ритам, соодветна за топлите летни денови.

,,Пресреќна сум што создадовме песна и спот, кои се исполнети со брз ритам и убава енергија. Тоа е дефинитивно она што најмногу ни треба во овој период. Ова го правам за мојата душа и за сите вас. Знам дека со секоја песна сум чекор поблиску до вашите срца’’ – вели Ивона.



,,Тие очи’’ добија и видео спот кој е под режисерската палка на Мартин Трајановски, снимен во прекрасниот Охрид, со талентираниот Стефан Биков, а позади текстот се потпишува Тамара Волческа. Музиката е на Zox, Димитар и Јордан Манов, а аранжманот на Јордан Манов.

,,Тие очи ми го осветлија патот. Тие очи ме милуваа секогаш кога немав ништо за себе. Тие очи ме направија сакана. Тие очи ме сакаа. Пронајди ги и милувај ги “твоите очи” – додаде Ивона.

Видео спотот за песната веќе е достапен на Јутјуб.

 

The post (Видео) Ивона Јо објави нова песна appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK