октомври 23, 2024

Новак Ѓоковиќ го диби дуелот со Рафаел Надал и се пласира во третото коло на олимпискиот турнир во Париз. Првиот носител славеше во два сета (6:1, 6:4) по еден час и 44 минути игра.

Ѓоковиќ и Надал го одиграа 60.меѓусебен дуел, во понеделникот Србинот ја забележа 31.победа. Ѓокович трета пат во кариерата го победи Надал на неговиот омилен терен, на „Филип Шатрие“. Претходно тоа го напарави во четвртфиналето во 2015 и во полуфиналето во 2021 година на Роланд Гарос.

Ѓоковиќ фуриозно влезе во мечот, првиот сет и првата полувина од вториот беа еднонасочна улица.

Србинот ги освои првите пет гема, потоа Надал се запиша на семафорот, а Ѓоковиќ рутински го доби првиот сет.

По исто сценариот се одвиваше и вториот сет, Ѓоковиќ експресно со два брејка дојде до 4:0 и тука неразбирливо застана. Надала освои еден гем, потоа Ѓоковиќ му поклони брејк со дупла грешка, па Шпанецот ги доби и наредните два гема и изедначи на 4:4.

Сепак Ѓоковиќ не дозволи изнеандување, направи брејк, а потоа на свој сервис го заврши мечот.

Ѓоковиќ забележа 23 винери и 17 неизунудени грешки, искористи ет од 12 брејк топки. На спортивната страна Надал имаше само 12 винери и 20 неизнудени грешки, а искористи две од трите брејк топки.

The post Ѓоковиќ го победи Надал на ОИ во Париз appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK