октомври 23, 2024

Грчкиот кошаркар Ник Калатес е хоспитализиран поради повреда на реброто на натпреварот против Шпанија.

Тоа предизвика голема загриженост, дали ќе биде подготвен за дуелот со Австралија во петок.

Калатес беше префрлен во болница по натпреварот и поразот од Шпанија (84:77), бидејќи за време на натпреварот доби удар во ребрата.

Првичните снимки не покажаа скршеница, а 35-годишниот плејмејкер ќе биде задржан на лекување со надеж дека ќе биде подготвен за клучниот натпревар против Австралија.

„По натпреварот против Шпанија, Калатес беше префрлен во болница поради остри болки во десната страна, предизвикани од лактот што го доби за време на натпреварот. Првите рендгенски снимки и ултразвук не покажаа скршеници, но открија одредени оштетувања на меките ткива околу долните ребра. Калатес сега зема лекови против болки и е под лекарски надзор“, се вели во грчкото соопштение.

The post Хоспитализиран Ник Калатес appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK