октомври 23, 2024

Продолжува паралелното функционирање на членовите на Владата од коалицијата ВЛЕН, односно ВРЕДИ.

Вицепремиерот Изет Меџити пред еден час на Фејсбук сподели фотографии од координацијата на членовите на Владата кои се дел од ВРЕДИ.

– Продолжува редовната координација на Коалицијата ВЛЕН пред седниците на Владата! – напиша Меџити на Фејсбук.

Ниту премиерот, ниту било кој претставник од останатитие функционери во Владата кои се дел од ВМРО-ДПМНЕ или ЗНАМ не биле присутни на координацијата, што покажува еден вид на паралелна структура, односно Влада во Влада која делува како посебна група, а не како партнер во владејачката коалиција.

Она што исто така може да се забележи, е дека на масата повторно има албанско знаме, што е противзаконски имајќи предвид дека на средбата нема претставници од албанската држава, туку македонски државјани и функционери во македонската Влада!

Координација на членови на Влада може да биде само една, а тоа е само седница на Влада на која присуствуваат сите членови.

Инаку, претходно лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, изјави дека ќе ја напушти Владата доколку уште еднаш незаконски албанското знаме се користи од страна на функционерите на ВЛЕН во Владата.

Во разговор со Инфомакс, Максим Димитриевски пред неколку дена изјави дека таа опција се уште се разгледува.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK