октомври 23, 2024

Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански, денеска преку својот фејсбук профил апелира населението да се вклучи во гаснењето на пожарот кој стигна над градот Пехчево.

Пожарот денеска повторно избувна над селото Негрево и носен од ветрот се шири во правец на градот.

Во моментот, како што информира Китански од терен, сите инволвирани во гаснењето на пожарот имаат и авионска поддршка, но, според него, сепак се потребни многу луѓе и ресурси за сузбивање на пожарот кој потпомогнат од ветрот, засега е надвор од контрола.

„Почитувани граѓани, сите кои можат нека се приклучат во гаснењето на пожарот“, апелира градоначалникот.

На терен веќе се наоѓаат екипи на Добдоволното противпожарно друштво од Пехчево, пожарникари од Берово и месно население, вработени во Јавното комунално претпријатие и подружницата на „Национални шуми“.

Предупредување до жителите упатија и од црковното свештенство кои со биење на црковните ѕвона ги информираат граѓаните за подготвеност за евакуација.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK