октомври 23, 2024

  Синоќа во 1 часот по полноќ на местото Двата пата кај Струмица изгорел автомобил, информираа од ТППЕ Струмица.
Според информацијата од пожарникарите, во гаснењето на автомобилот учествувале едно противпожарно возило и четворица пожарникари.
– Пожарот беше во разгорена и поодмината фаза и беше зафатена и блиската вегетација на ридот, при што беше запрено неговото натамошно ширење, соопштија од ТППЕ Струмица.
ОД СВР Струмица го потврдија настанот и повеќе детали најавуваат за подоцна, откако ќе заврши увидот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK