октомври 23, 2024

Реал Мадрид го заврши преодниот рок. На „Сантијаго Бернабеу“ пристигнаа Килијан Мбапе и Ендирк, клубот го напуштија капитенот Начо и Рафа Марин кој не беше дел од тимот, бидејќи минатата сезона настапуваше на позајмица во Алавес.

Медиумите шпекулираа дека Карло Анчелоти ќе побара замена за Начо, со оглед на тоа дека Давид Алаба поради повредата сигурно нема да игра до ноември.

„Не, тимот е „затворен“, нема да донесеме никого“, одговори Анчелоти на прашањето дали Реал ќе купи нов стопер, а потоа објасни и зошто: „Ваљехо се врати, Алаба се опоравува, ги следиме и играчите од академија“.

Анчелоти уверува дека нема да има заминувања и покрај шпекулациите дека Дани Себаљос би можел да го напушти клубот.

„Мислам дека нема да има заминувања. Никој не сака да не напушти. Имаме спектакуларен тим“, заклучи Анчелоти.

The post Реал Мадрид го „затвори“ преодниот рок appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK