октомври 23, 2024

Норвешка избори место во четвртфиналето на олимпискиот турнир во ракомет, а Хрватска со триумфот над Германија ги задржа шансите за пласман во нокаут-фазата. Претпалднево, Норвашека во трилер завршница ја победи Унгарија со 26:25, а Хрватска убедливо ја победи Германија со 31:26.

По тешката победа над Јапонија и поразот од Словенија, хрватските ракометари го одиграа брилијантно натпреварот кој мораа да го добијат.

Покажаа Хрватите дека во ракомет се „црна мачка“ за Германија. Блескаа во дефанзивата, а беа исклучително рационални и ефикасни во нападот.

На стартот создадоа предност од 4:1, Германците се вратија на 4:4 и од тој момент до крајот на теренот доминираа Хрватите. Мартиновиќ постигна девет гола, а по пет пати погодија Дувњак, Циндриќ и Шоштариќ.

Норвешките ракометари ја совладаа Унгарија со 26:25 во третото коло од групата Б.

Норвежаните стигнаа до третиот триумф благодарение на победничкиот гол на Александар Блонц во последната секунда од натпреварот.

Блонц беше најдобар стрелец на натпреварот со девет гола. Бодо, Имре и Банхиди постигнаа по шест гола за Унгарија.

Унгарија со два порази и една победа во следното коло ќе се сретне со Данска. Норвешка следната ќе се соочи со Египет.

The post Германците удрија во хрватскиот ѕид, Норвешка во последната секунда ја победи Унгарија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK