ноември 27, 2024

Властите во Киргистан донесоа закон со кој од 1 јануари се забранува пеење на плејбек. Веста ја пренесоа новинарите од прес-службата на Министерството за култура. Наредбата во петокот ја потпиша и министерот за култура, информирање и спорт, Алтинбек Максутов.

Со новиот закон се забранува пеење на плејбек на сите државните и културни манифестации во театрите, кино-салите, музеите, клубовите, библиотеките и спортските објекти. Забраната важи за и за сите големи јавни настани.

„Пејачите ќе мораат да пејат во живот за време на културните настани“, соопштија од прес-службата на министерстввото.

Иако не е јасно какви казни им бидат изречени на оние кои ќе го прекршат законот, одговорноста на крајот ќе падне врз организаторите и домаќините на настаните. Киргистанскиот министер за култура, рече дека лично ќе следи кој ќе го почитува, а кој прекрши новиот закон.

The post Властите во Киргистан забранија пеење на плејбек appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK