Познатиот американски „ММА“ борец Фил Барони, ја убил девојка си во Мексико, пренесоа тамошните медиуми. Веднаш бил уапсен, а од полицијата соопштија дека бил под влијание на дрога и алкохол. Претходно двајцата се скарале во собата во хотелот каде престојувале.
Наводно девојката, која била Мексиканка, го обвинила дека ѝ бил неверен, по што силно ја турнал под тушот. Од силниот удар починала неколку минути подоцна. Полицијата ја нашле со голем број модрици по телото. Од таму велат дека истрагата сè уште е во тек.
За потсетување, Барони во „ММА“ се бореше од 2000 до 2019 година. Освен во „УФЦ“, се бореше и во „Прајд“, „Страјкфорс“, „Белтор“, „Дрим“ и „Вана“, а кариерата ја заврши со 13 победи и 17 порази. Повеќе пати беше казнуван заради употреба стероиди и други видови на допинг.
Покрај Барони, деновиве и „УФЦ“ и „ММА“ ги тресат низа скандали поврзани со семејно насилство над жените. И првиот човек на УФЦ, Дејн Вајт, е снимен како ја удира сопругата во ноќен клуб.
The post Познат ММА-борач обвинет за убиство на својата девојка appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде