По 38 години Мирчеа Луческу повторно стана селектор на Романија, соопшти денеска Фудбалскиот сојуз на Романија.
79-годишен стручњак на оваа функција го наследи Едвард Јорданеску, а со тамошните челници на ФС потпиша договор до крајот на Светското првенство во 2026.
Во претходниот мандат Луческу ја водеше Романија од 1981 до 1986 година и успеа да се пласира со репрезентацијата на Европското првенство во Франција во 1984 година.
Ново-стариот селектор ќе ја предводи селекцијата во групата 2, во Ц дивизијата од Лигата на нации, каде ривали на Романија ќе бидат Косово, Литванија и Кипар пред почетокот на квалификациите за Светското првенство.
Луческу во својата богата кариера беше селектор на Турција, а меѓу другите клубови ги водеше и Интер, Динамо Киев, Шахтјор од Доњецк, Бешикташ, Зенит…
The post По 38 години Луческу повторно е селектор на Романија appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде