– Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар денеска изјави дека Турција и Русија може да формираат заеднички патроли во северна Сирија.
Тој на прес-конференција во турскиот Парламент ја коментираше неодамнешната трилатерална средба со неговите сириски и руски колеги во Москва.
– Нашата цел е одбрана на нашата земја и народ. За тоа, борбата против тероризмот е многу важен елемент, посочи Акар.
Истакнувајќи ги успесите на Турција во борбата против тероризмот, Акар истакна дека на своите колеги на трилатералната средба во Москва им рекол дека не е можно Турција да прифати повеќе бегалци.
Тој изрази надеж дека трилатералните разговори ќе продолжат „разумно, логично и успешно“.
Следете не, не има насекаде