ноември 24, 2024

Рускиот пропагандист Владимир Соловјов во својата емисија во живо на руската државна телевизија изјави дека животот е многу преценет и дека смртта во секој случај е неизбежна.

Пропагандист Соловйов: “Життя сильно переоцінене. Навіщо боятися того, що неминуче? Тим більше, ну, ми ж у рай потрапимо. Смерть – це закінчення одного земного шляху і початок іншого”. Уривок з відео з російських ТГ-каналів pic.twitter.com/QCpbTa4Pfc

— Українська правда (@ukrpravda_news) January 2, 2023

“Ќе кажам нешто за што многу луѓе ќе ме критикуваат. Животот е многу преценет. Зошто да се плашиме од неизбежното? Особено кога одиме во рајот. Смртта е крај на еден земен пат и почеток на друг. Но плашејќи се од тоа ние дозволуваме тоа да влијае на вашите одлуки…“ рече Соловиев.

Тој го наведе примерот на генералот Апти Алаудинов, помошник на Рамзан Кадиров и командант на единицата „Ахмат“, кој рече дека не може да се плаши од смртта бидејќи е религиозен човек, но дека се плаши да не го разочара својот народ.

Гостите во емисијата го поддржаа Соловјов, велејќи дека Русите живееле од ден за ден, а сега имаат повисоки цели.

Solovyov before 24 February: La vita è bella!

Solovyov in his final show of 2022: Actually, life is overrated, and as Putin said, we’re going to heaven anyway pic.twitter.com/rWG2Y3EPH3

— Francis Scarr (@francis_scarr) January 2, 2023

Тој впо емисијата рече дека:

,,Вреди да се живее само за нешто што има смисла и за тоа можеш да умреш, и така треба да биде“.

Соловјов рече дека руските војници на фронтот во Украина имаат многу јасно разбирање за што се борат и зошто се борат.

Во емисијата, исто така, се повторија тврдењата дека Русите во Украина се борат против сатаната.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK