октомври 30, 2024

На 08.08.2024 во 23.40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Д.(69) од Гостивар поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство”.

Претходно, во 17.30 часот тој бил пријавен од 34-годишник од гостиварско дека М.Д., заедно со Ф.М., на таткото на пријавителот во 2010 година на заем му дале поголема сума на пари, а потоа го принудиле да плати двојно поголем износ.

Откако пријавителот го расчистил и платил долгот на неговиот татко, М.Д. и Ф.М. побарале уште пари за камата и му се заканувале.

 М.Д. е задржан во полициска станица Гостивар за понатамошна постапка и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK