Откако беше откажан битолскиот концерт на српскиот рапер Драгомир Деспиќ Десингерица, кој требаше да се одржи кон средината на јуни, деновие е откажан уште еден негов концерт, овојпат во Врњачка Бања.
Контроверзниот музичар, кој е познат по своите невообичаени настапи, и за време на секој концерт ги удира присутните во публика со патика по глава, ги прска со пиво, па дури и ги плука, во Битола не успеал да продаде доволно карти, но во Врњачка Бања неговиот настап во клуб бил откажан, токму поради неговото недолично однесување.
Откажано е! Не дозволуваме некој да ги тепа нашите деца со патика по глава! Децата не се виновни, ние сме овде да се грижиме за нив и да им укажеме што е добро за нив, а што не е, информирале на страницата на клубот, а веста ја пренесоа повеќето српски медиуми.
Во Македонија музичарот имаше настап на 30-ти јули, во клуб во Охрид, од каде се објавија повеќе видео снимки. И тамошната публика, посебно оние во првите редови беа изложени на неговото удирање со патика и полевање со пиво, но според снимките, и покрај неговото однесување, публиката се забавува и му аплаудира.
Вики Клинчарова Fokus
Следете не, не има насекаде