Дваесет и тригодишно момче од Кичево (М.К.) загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу 23 часот на патот Македонски Брод-Кичево.
Кичевчанецот кој управувал „бмв“ се судрил со 40-годишен сограѓанин кој возел „ауди“, а во несреќата учествувале и четири паркирани возила, информираа од МВР.
Смртта на 23-годишникот е констатирана во болницата во Кичево.
Со тешки телесни повреди се здобил вториот возач на аудито, како и уште четири сопатници во двете возила. Кај две лица констатирани се полесни повреди.
Извршен бил увид.
Следете не, не има насекаде