Турскиот олимпиец Јусуф Дикец стана интернет сензација откако го освои сребрениот медал во мешан тим на 10 метри воздушен пиштол со својата стрелачка партнерка Севала Илајда Тархан.
Многумина беа изненадени од неговиот пристап кон натпреварот: приоѓа опуштено, со едната рака во џеб и без стандардна опрема за стрелање. Повеќето олимписки стрелци носат заштита за уши и специјализирани очила за да го блокираат видот на едното око и да го намалат отсјајот. Дикец не користи ништо од тоа.
Неговата вирална фотографија веројатно ја видел секој човек кој барем еднаш ги отворил социјалните мрежи за време на Олимпијадата. Покрај тоа, „Икс“ беше преплавен со бројни мемиња за Јусуф. Но, многумина го чекаа неговиот коментар на фотографијата.
„Сите велеа дека изгледам многу смирено, но всушност во мене беснееја бури. Мислам дека мојата поза за стрелање одлично го претставуваше олимпискиот дух: фер игра, едноставност, јасност и природност. Затоа и привлече толку големо внимание“, изјави Јусуф за „Ројтерс“.
Did Turkey send a hitman to the Olympics? pic.twitter.com/nPfNQMKtX7
— DD Geopolitics (@DD_Geopolitics) July 31, 2024
Ова беше петти настап за Дикец на Олимписките игри. Тој ја претставуваше Турција во 2008, 2012, 2016, 2020 година и неодамна во Франција. Беше двократен светски шампион во 2014 година.
„Мојата техника е специфична затоа што стрелам со двете очи отворени цело време, додека другите натпреварувачи користат помагала за да го задржат едното око затворено. Дури и судиите секогаш се изненадени кога ќе видат како пукам“, рече Турчинот.
Кога бил помлад, отишол и на воената академија и таму ги усовршил своите стрелачки вештини. Со стрелање се занимава од 2001 година, ова му беа петти Олимписки игри, но прв медал.
The post Турчинот од Олимписките игри кој го освои интернетот: „Во мене беснееја бури“ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде