октомври 30, 2024

Женската ракометна репрезентација на Норвешка го освои златниот медал на ОИ во Париз. Пред Норвежанките потклекна домашната селекција, инаку актуелен олимписки и светски шампион. Норвашка во Лил ја декласира Франција со 29:21. Бронзата и припадна на Данска која во скандинавскиот дуел ја совлада Шведска со 30:25.

Французинките дојдоа на турнирот, на свој терен, како актуелни олимписки и светски шампиони, се беше подготвено за големажурка по финалето, меѓутоа Норвежанките им ги распиаа сметките.

Почнаа експлозивно поведоа со 4:1 и тоа беше се од Франција во финалниот меч. Норвешка потоа им одржа лекција по модерен ракомет. Брзината што не можеа да ја следат Французинките доведе до пресврт и водство на полувремето 15:13.

Во вториот дел на теренот постоеја само ракометарките од Норвешка.

За Норважанките ова е трето олимписко злато, прво по Лондон 2012 година.

Во победничкиот тим најефикасна беше Хени Рејстад со осум гола, а Кари Братсет Дејл постигна шест. Белскаше на голот ветеранката Катрин Лунде со 12 интервенции, додека Стине Офтедал која го одигра последниот натпревар во кариерата постигна пет гола.

На другата страна Орлан Канор постигна пет гола.

The post Норвежанките ја декласираа Франција во ракометното финале appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK