мај 12, 2026

Ќерката на Гордана Силјановска Давкова, Марија Давкова Јордановска, на социјалната мрежа фејсбук алармира за состојбата со бездомните кучиња кои неретко и напаѓаат.

– Знам дека имавме тешки проблеми со пожари летово, свесна сум. Но што се случува со бездомните кучиња кои везден беснеат по градските и селските улици? – праша таа на почетокот на својата фејсбук објава.

– Дали некој забележува дека нашата слобода на движење, барем на оние на кои не им е сеедно дали ќе бидат гризнати од некое куче, е целосно загрозена? Поднесов претставка до Хелсиншки Комитет, дури и до Обединети Нации. Ме ислушаа едните, но решение сеуште нема. Другите се веројатно позафатени со погорливи прашања, вели Давкова Јордановска.

На крајот праша и даде идеја како можеби би можело да се реши овој проблем.

Се прашувам… Има ли можност овие улични несомнено мошне диви кучиња да се издресираат за да му бидат корисни на човекот? На пример за помош на слепи, глуви, за чување стока… Ќе се најде ли некој локален Цезар Милан?

 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK