мај 12, 2026

Австралискиот тенисер Денис Попирин е победник на Мастерсот во Монтреал.

Тој во два сета со 6:2, 6:4 го совлада рускиот тенисер Андреј Рубљoв и со тоа стигна до својата прва голема титула во кариерата.

По оваа голема победа, Попирин стигна до својот највисок пласман во кариерата, па сега се наоѓа на 23. место на АТП листата.

„Ова е доказ дека сета напорна работа што ја вложив во сите овие години се исплати. Сигурно најдобрата недела во мојата кариера, не само поради титулата, туку и поради имињата на тенисерите што ги победив“.

На патот до титулата, Попирин победи тројца играчи од топ 10 и двајца кои се маѓу 20. најдобри во светот.

The post Сензационален успех – Попирин го освои Мастерсот во Монтреал appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK