мај 12, 2026

Македонија одбележува 23 години од Охридскиот договор.

Истиот е потпишан на 13 август 2001 година со посредство на меѓународната заедница, вклучително и Европската Унија и Соединетите Американски Држави во Вилата Билјана во Охрид, од каде доаѓа и името Охридски договор.

Преговорите претходно траеле речиси еден месец и во нив учествувале тогашниот претседател Борис Трајковски, Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски, Имер Имери, Арбен Џафери како и претставници на ЕУ Франсоа Леотар и Хавиер Солана, претставници на САД Питер Фејт и Џејмс Пердју, разни советници и експерти како Владо Поповски, Љубомир Фрчковски и други.

По овој повод со почеток во 13:00 часот во свечената сала во владата на ќе се одржи Свечена седница на која ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски и првиот вицепремиер Изет Меџити.

Покрај Владата, денеска и коалицијата Европски фронт организира и Академија и коктел за да го одбележи денот на потпишувањето на рамковниот договор.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK