мај 12, 2026

Во велешката полиција, 36 – годишник од Велес синоќа во 21:30 часот пријавил дека во семејната куќа, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата 41- годишна сопруга.

Околу 22:00 часот и 41- годишната жена пријавила дека во домот била физички нападнат од 36- годишниот сопруг,информира утрово Татјана Ѓуровска од СВР Велес.

За настанот бил запознаен јавен обвинител и Центарот за социјални работи и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава, најавија од СВР Велес.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK