Поранешниот шеф на руската вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Рогозин, денеска изјави дека на францускиот претседател Емануел Макрон му испратил дел од шрапнел што го ранил во Украина, истрелан од француска хаубица „Цезар“ доставена во Киев.
<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>
Рогозин, кој ја предводи групата воени советници кои им помагаат на руските сепаратистички сили во Украина, беше ранет во грбот во декември за време на украински напад врз хотел во Доњецк, источна Украина, кој е под руска контрола. Во тој напад имаше повеќе загинати и ранети.
Рогозин тогаш објави дека нападот се случил додека тој имал „работен состанок“ во ресторанот на хотелот. Руската јавна телевизија „Русија24“, пак, тврдеше дека Рогозин таму го прославил својот 59-ти роденден со гости и музичари.
Откако беше ранет во нападот, тој рече дека бил опериран.
Рогозин објасни дека му пишал на францускиот амбасадор во Москва, Пјер Леви.
Во тој плик, со моето писмо, ќе видите дел од граната од француска хаубица ‘Цезар’, калибар 155 милиметри“, напиша Рогозин во писмото објавено на Телеграм.
Извор: МИА