Двајца активисти со противпожарни апарати наполнети со портокалова боја успеаја да испрскаат на дел од фасадата и влезната врата од седиштето на Владата во делот каде што се наоѓа кабинетот на премиерката Елизабет Борн
Активисти на еколошката организација „Последно реновирање“ испрскаа портокалова боја на влезната врата на седиштето на француската влада во Париз за да ја осудат „неактивноста на властите“ во решавањето на проблемот со климатските промени.
Околу пладне, двајца активисти успеаја со противпожарни апарати наполнети со портокалова боја да испрскаат на дел од фасадата и влезната врата од седиштето на Владата во делот каде што се наоѓа кабинетот на премиерката Елизабет Борн, која беше министерка за екологија во 2019 година и 2020 година.
Потоа на социјалните мрежи се појавија видеа од таа акција, а полицијата ги приведе активистите.
Од организацијата најавуваат дека активистите ќе продолжат да користат ненасилни средства за бунт се додека владата продолжи со „својата криминална неактивност“ и ги повика граѓаните да им се придружат во граѓанскиот отпор.
Следете не, не има насекаде