септември 22, 2024

Шефот на разузнавачката служба на украинското Министерство за одбрана Кирил Буданов во интервју за ABC News зборуваше за актуелниот развој на ситуацијата и војната во Украина и се осврна на нападите врз руската база Енгелс како и за здравствената состојба на Владимир Путин.

На новинарско прашање дали Украина е одговорна за нападот на базата Енгелс во Русија, Буданов рече дека во оваа фаза од војната не може да одговори на тоа прашање.

„Не можам да одговорам на тоа прашање. Дури по завршувањето на војната. Ми беше драго што го видов тој напад. Тоа е мојата реакција. Мислам дека ќе има повеќе напади. Сè подлабоко и подлабоко во руската територија“, рече Буданов.

Тој исто така нагласи дека нападите може да се однесуваат и на Крим, особено ако се земе предвид фактот дека Крим е дел од Украина и дека, соодветно, Украина може да употреби какво било оружје во таа област.

Потоа Буданов одговори и на прашање за здравствената состојба на рускиот претседател Владимир Путин.

„Да, тој е болен, во терминална фаза. Мислам дека ќе умре многу брзо. Се надевам дека е така. Мислиме дека е рак. Тоа го знаеме од извори блиски до Кремљ, односно самиот Владимир Путин“, рече Буданов.

Меѓу другото, Буданов нагласи дека во случај на смрт на Путин ќе има трансфер на власта, но дека војната во Украина треба да заврши пред смртта на рускиот претседател.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK