Тој ја прими топката на работ од шеснаесетникот, а потоа мина дури тројца дефанзивци во низа…
Многу од вештините на Пеле се зачувани благодарение на снимките од натпреварите, но не сите имаа камери.
А едно од најголемите ремек-дела го изведе Пеле на 2 август 1959 година, играјќи за неговиот тим Сантос против Атлетико Јувентус.
Тој ја прими топката на работ од шеснаесетникот, потоа мина дури тројца одбранбени играчи на ривалскиот тим, а потоа ја префрли топката над голманот и погоди со глава. Во ниту еден момент топката не падна на земја.
Тој одличен гол кој го постигна Пеле остана во сеќавање на играчите, навивачите и новинарите кои во живо го следеа натпреварот. Врз основа на нивните приказни, експертите за компјутерска анимација создадоа претстава за таа фантастична акција на бразилскиот фудбалски крал.
Секако, има и такви кои сметаат дека тој гол не паднал баш така, односно дека не бил толку спектакуларен. За сите останати, останува да уживаат во уште едно ремек-дела на Пеле, дури и во оваа виртуелна форма.
Следете не, не има насекаде