Милан веќе подолго време се обидува да постигне договор со Рафаел Леао за продолжување на соработката, преговорите сѐ уште траат, а Тонали е оптимист дека ќе завршат позитивно.
Леао имаше одличен настап за Милан во победата на гостувањето кај Салернитана од 2-1. Португалецот даде еден гол, а покажа и големо залагање во играта.
Неговиот соиграч Тонали смета дека со играта која ја прикажува, Леао дава знак дека сака да остане на Сан Сиро.
„Леао сака да остане во Милан, можете да го видите тоа, да видите колку е среќен тука и тој отсекогаш бил клучен играч во проектот на клубот“, изјави Сандро Тонали.