Кристијано Роналдо пред 30.000 фанови беше претставен како големо засилување за Ал Наср , а вниманието кон себе го привлече неговата партнерка Џорџина Родригез .
Џорџина се појави пред фановите заедно со децата, а еден момент предизвика хаос на социјалните мрежи.
Љубителите на фудбалот масовно ја споделуваат реакцијата на Џорџина која „застрела“ девојка која имаше улога на водителка на промоцијата на Роналдо.
Во еден момент таа му пријде на Кристијан кој имаше насмевка. Џорџина сето тоа го гледала со сериозен израз на лицето, што брзо стана тема на социјалните мрежи.
Инаку, Џорџина неодамна го воодушеви Кристијан со тоа што за Божиќ му подари Ролс Ројс вреден околу 285.000 евра .
По раскинувањето на договорот со Манчестер Јунајтед и настапот на Светското првенство, Португалецот потпиша неверојатен договор според кој за две години треба да заработи 400 милиони евра.
Следете не, не има насекаде