Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Аделаида, откако го совлада 64-от светски играч, Французинот Квентин Алис со 7:6, 7:6.
Алис одлично го започна натпреварот поведе со 5:2, а Ѓоковиќ успеа да се врати во деветтиот гем и да намали на 4:5.
А потоа следеше препознатливото викање на Новак , што значеше и – пресврт!
Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе игра против 18. тенисер во светот, Канаѓанецот Денис Шаповалов, кој со 6:4, 6:3 го совлада Русинот Роман Сафиулин.
Следете не, не има насекаде