септември 22, 2024

Кристијано Роналдо потпиша двегодишен договор со Ал Наср.

Кристијано Роналдо е новиот играч на саудискиот тим Ал Наср. Тој потпиша двегодишен договор кој му гарантира 200 милиони евра по сезона, а домаќините размислуваа за секој детал.

За португалската ѕвезда подготвија луксузна зграда вредна 14 милиони евра, која има осум спални соби и три помали објекти во дворот. Се разбира, тоа не е се. Вилата има олимписки базен како и водопад на влезот од куќата.

Вилата се наоѓа во еден од најлуксузните делови на Ријад, Ал-Мухамади, кој е одвоен од строгите исламски правила кои владеат во Саудиска Арабија.

Децата на Роналдо ќе одат во меѓународно училиште, а работата нема да биде далеку ниту за португалскиот фудбалер. Мрсоол Парк, стадионот на кој Ал Наср ги игра своите натпревари, се наоѓа во близина на престижната населба.

pic.twitter.com/SPdZKUvDNU

— SportBot (@SportBot11) January 4, 2023

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK