На 21.08.2024 во 20.00 часот, полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Велес го лишиле од слобода Е.А.(33) од Велес. Тој се сомничи дека од со употреба на сила и алат влегол во домот на 84 – годишен велешанец и одзел предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а Е.А. бил приведен во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Следете не, не има насекаде