октомври 30, 2024

Не стивнуваат критиките и препукувањата меѓу некогашните „соработници“. По средбата меѓу градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска и премиерот Христијан Мицковски, наместо решенија и договори следеше нов бран на меѓусебни критики.

По објавата на министерот за локална самоуправа дека не виделе конструктивни предлози, се огласи и градоначалничката која посочи дека ја кочат токму советниците од град Скопје од редовите на ВМРО.

Од градската админситрација со соопштение до медиумите бараат советниците да престанат да го блокираат градското собрание и да почнат да работат.

– Ништо од лажната конструктивност на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо конструктивност, оваа партија има единствена цел да бега од одговорност, да предизвикува хаос секаде каде што немаат партиски интерес и со лаги да ја прикриваат вистината.

Вистината е дека ВМРО-ДПМНЕ која трета година е власт во Град Скопје, не гласа инвестиции, не гласа за проекти, блокира програми за работа и советниците наместо да работат глумат икебани во Советот на град Скопје за 500 евра по седница за да им го загорчуваат животот на скопјани – пишува во соопштението од градската администрација испратено до медиумите.

Од таму додаваат дека „ВМРО-ДПМНЕ не смее да писне за еколошката катастрофа во Тетово, Гостивар, Радовиш, Битола, Прилеп, Кочани. Молчат за катастрофалните состојби во општини каде што имаат градоначалници, мнозинство во Советите и свои директори“.

– Молчат за Штип каде со месеци вработените во ЈП “Исар” не земале плата, бидејќи градоначалникот сменил 5 директори.

Време е ВМРО-ДПМНЕ да превземе одговорност за состојбите во градот Скопје и конечно да го одблокираат Советот, наместо да паразитираат за 500 евра паушал – се нагласува во соопштението

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK