Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски викендов ќе го има дебито во дресот на Џирона. Клубот од Каталонија го регистрираше напаѓачот за чии трансфер од Абердин издвои 8.500.000 евра. На „Монтоливи“, Моивски ќе го носи бројот 19.
„Ас“, пишува дека Миовски веројатно ќе биде стартер во дербиот на колото, в недела на „Сивитас Метролопитано“, против Атлетико Мадрид.
Според овој извор, Миовски против Атлетико ќе добие „квалитетна минутажа“.
Македонецот во тимот на Џирона дојде како замена за Артем Довбик кој се пресели во Рома. Украинецот минатата сеозна го освои трофејот за најдобар стрелец, постигна 24 гола во Примера.
The post Миовски ќе дебитира против Атлетико Мадрид appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде