Apple подготви неколку нови бои за претстојната серија на телефони iPhone 16.
Претстојниот iPhone 16 Pro Max се појави на протечените фотографии на почетокот на овој месец, а беше прикажан во необична кафена или бронзена боја, што разочара многумина.
Сепак, според друг дојавувач кој ги објави објективите на телефонот со нивните бои, iPhone 16 Pro Max всушност ќе има боја поблиска до златната (Gold).
— Sonny Dickson (@SonnyDickson) August 16, 2024
Тоа значи дека новата опција нема да има бакарен сјај како што сугерира првата фотографија, туку ќе биде поблиску до бојата на пустинскиот песок во Сахара.
Сите бои во кои ќе биде достапен телефонот се нарекуваат Titanium (White), Black, Gray и Gold, што значи дека нема да се нудат опциите Natural и Blue.
Очекувањата се дека боите за iPhone 16 Pro и 16 Pro Max ќе бидат попригушени, за разлика од обичните модели на iPhone 16, кои ќе имаат сина, зелена и розова варијанта.
The post Apple подготви неколку нови бои за iPhone 16 appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде