На 22.08.2024, во 13.20 часот, во СВР Скопје е пријавено дека околу 12.45 часот, за време на претрес на лица и простории во Казнено-поправната установа Затвор Скопје, притвореникот Д.С. (45) фрлил марихуана и бела прашкаста материја во канта за отпадоци. Пронајдената дрога и белата прашкаста материја биле одземени од страна на полициските службеници. Од Д.С. биле одземени и шприц, ризли и други предмети. Полициската Единица за недозволена трговија при СВР Скопје ги подигнала дрогата и предметите за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Следете не, не има насекаде