мај 12, 2026

Здравствената состојба на српскиот музичар Борислав Ѓоргевиќ – Бора, познат и како Бора Чорба, се влоши во последните неколку дена, а неговиот менаџмент објави дека е хоспитализиран во Словенија.

Како што досега е соопштено, Бора Чорба има тешка пневмонија, а од вчера е поставен и на респоратор.

Српската пејачка на етно музика, Билјана Крстиќ, инаку братучетка на пејачот, проговори за неговата здравствена состојба.

„Деновиве не сум стапила во контакт ниту со Дубравка, ниту со Бора. Сите очекуваме дека на Боки ќе му биде подобро“, изјави Крстиќ за српските медиуми.

Да потсетиме, тој беше хоспитализиран во болница во Љубљана пред три дена поради проблеми со белите дробови.

 


The post Бора Чорба е во лоша здравствена состојба, поставен е на респиратор за дишење appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK