Турција го блокираше пристапот до онлајн платформата за игри Roblox бидејќи смета дека нејзината содржина е несоодветна и може да доведе до злоупотреба на деца во земјата.
„Нашата земја е обврзана да обезбеди заштита на нашите деца. Користењето на технологијата на негативен начин никогаш не е прифатливо“, рече турскиот министер за правда Џилмаз Тунч.
Канцеларијата на главниот јавен обвинител во градот Адана покрена истрага против Roblox, што на крајот доведе до ограничувања на национално ниво, пренесува Ројтерс.
Портпаролот на Roblox, платформа која е домаќин на видео игри создадени од други корисници, рече дека ќе соработува со локалните турски власти и се надева дека проблемот ќе биде решен наскоро.
Оваа забрана доаѓа откако Турција одлучи да ја блокира социјалната мрежа Instagram, која ја користат 57,1 милиони луѓе во земјата.
Според порталот Туркје Тодеј, властите во Анкара наводно биле незадоволни од тоа што Instagram ги ограничил објавите поврзани со убиениот лидер на палестинското движење Хамас, Исмаил Ханија.
Ова ограничување предизвика незадоволство во Турција, која го означи како цензура.
The post Турција блокира сè по ред appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде