октомври 30, 2024

Едно лице е застрелано во полициска акција ноќеска во тетовското село Гајре, откако полицијата се обидела да приведе осомничен за убиство кој бил баран со потерница. Осомничениот пукал со огнено оружје кон полициските службеници, на што полицијата возвратила и го ранила.

Осомничениот починал во болница каде бил однесен со Итна помош, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Од МВР соопштија дека на 23 август, околу 22 часот, полициски службеници од СВР Тетово и Одделот за специјални полициски операции, преземале мерки да го лишат од слобода Л.М. (41) од село Гајре, осомничен за убиство, а кој бил баран и поради бегство од Психијатарската болница Бардовци.

„По претходно обезбедени наредби за претрес во три куќи во Гајре, при преземање мерки за претрес на куќа сопственост на З.М., затекнат е Л.М., кој бил вооружен со автоматска пушка, пружил отпор и не постапил по дадените наредби на полициските службеници, туку автоматската пушка ја репетирал и вперил кон полициските службеници“ соопштија од МВР.

Според МВР, кај Л.М. бил пронајдени пиштол и рамки за автоматска пушка и куршуми.

Овој инцидент се поврзува со распишаната потерница по убиство кое се случи на 5 јули кога во Тетово, при што беше застрелан 40 годишниот Р.Т додека седел во својот автомобил. Полицијата се сомневала дека извршител на ова убиство е лицето кое ноќеска е застрелано во село Гајре.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK