октомври 30, 2024

Рано утринава 32-годишен скопјанец со својот автомобил ја проби оградата поставена на мостот “Мајка Тереза” и излета во Вардар, но веднаш потоа екипа на ЈП “Улици и патишта” Скопје, интервенираше на санација на заштитната ограда во близина на Веро Џамбо.

„Одбојната ограда на мостот е времено санирана со цел одржување на безбедноста на пешаците и возилата кои движат во овој дел од градот. Оштетувањето на заштитната ограда од мостот беше предизвикано од возило кое утрово излета во водите на река Вардар. По налог на Град Скопје и во корелација со МВР, штетата на оградата навремено е санирана, ЈП Улици и патишта апелира за внимателност во движењето на учесниците во сообраќајот“, велат од ЈП Улици и Патишта.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK