септември 22, 2024

На 04.01.2023 во 18.55 часот на бул.„Александар Македонски” во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.М.(22) од Босна и Херцеговина, со живеалиште во Шуто Оризари – Скопје и М.С.(20) од Скопје.
При преглед на возило „фолксваген пасат” со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба” извршена во подрумски простории на бул.„Видое Смилевски Бато” во Скопје и еден пиштол „Берета”.
Предметите им биле одземени и ќе бидат вратени на сопственикот, а тие биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

The post Приведени крадци во Скопје, кај нив пронајден и пиштол appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK