Претставен е одбранбен систем за заштита на воените воздушни бази од напади на роеви на непријателски дронови – со помош на наведувана муниција.
Војната меѓу Русија и Украина покажа дека, кога не се во лет, авионите може да се елиминираат додека се на земја со беспилотни летала или „самоубиствено“ беспилотно оружје.
Токму поради тоа, софистицираните системи за пресретнување на проектили се ефикасни против суперсонични и хиперсонични закани, но потешко се спротивставуваат на роеви побавни, поевтини крстаречки ракети и беспилотни летала.
Поточно, за овој систем е задолжена американската одбранбена компанија „Northrop Grumman“, а се работи за систем базиран на оружје наречен CBAD – целта е да се користи наведувана муниција од среден и голем калибар за елиминирање на непријателските летала.
Кога куршумот е испукан, сензорите за водење се активираат и го насочуваат кон целта. Секој куршум има и сензор за близина што ги „гледа“ непријателските летала.
Кога ќе се приближи доволно, се детонира, а смртоносните фрагменти од боева глава ја уништуваат целта.
The post ВИДЕО: Најсовремен систем за уништување на армии со беспилотни летала appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде