Фудбалерите на Челзи на гостински терен го победија Вулверхемптон со 6:2, додека Борнмут и Њукасл ремизираа 1:1 во второто коло од Премиер лигата.
Челзи денеска покажа дека ќе биде сосема поинаков тим во однос на минатата сезона. Повторно блескаше Кол Палмер, кој забележа три асистенции и гол, Нони Мадуеке постигна хет-трик за само 14 минути.
Првиот дел заврши без победник 2:2. Челси два пати водеше со головите на Џексон во втората и Палмер во 45.минута. Вулвс два пати се враќаше преку Куња и Ларсон.
Веќе во втората минута Челзи поведе бидејќи Џексон се најде на вистинското место по корнер за 0:1.
Но во вториот дел Челси го декласира Вулверхемптон. Од 49. до 63.минута свое шоу имше Мадуеке кој го постигна првиот хет-трик во Премиер лигата. Точка на мечот стави повратникот во тимот, Жоао Феликс.
Во втората попладневна средба Бурнмаут и Њукасл ремизираа 1:1.
Њукасл беше под нивото во првото полувреме и Борнмаут заслужено замина на пауза со водство од 1:0. До тој гол избраниците на Ираола стигнаа во 36. минута кога по грешката на Жоелинтон Таверние постигна гол.
Њукасл одигра подобро само во второто полувреме кога влегоа Барнс и Трипие. Во 76. минута Барнс упати перфектен центаршут на втората статива, каде Гордон беше на вистинското место за 1:1.
Во судиското надополнување, Бурнемаут постигна гол по корнер, но ВАР сигнализираше дека Куаратара играл со рака, а не со глава, па голот е поништен.
The post (Видео) Челси го растури Вулверхемптон, блескаа Мадуеке и Палмер appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде