октомври 30, 2024

Атлетичарот од Норвешка, Јакоб Ингебригтсен постави нов светски рекорд на 3000 метри на митингот на Дијамантската лига во Хорзов, Полска.

Ингебригтсен делницата ја мина за 7:17.55 минути. Норвежанецот за три секунди го подобри претходниот рекорд на Кениецот Даниел Комен, кој истрча 7:20.67 пред 28 години во Риети.

Ингебригтсен, кој претходно овој месец ја освои титулата олимписки шампион на 5000 метри во Париз, сега е актуелен светски рекордер на 2000 и 3000 метри на отворено и на 1500 метри во сала, а исто така е европски рекордер на 1500 метри и на една милја.

Видеото можете да го погледнете на ОВОЈ линк.

The post (Видео) Ингебригтсен собори светски рекорд стар 28 години appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK