октомври 30, 2024

Унгарија ќе почне да нуди бесплатни билети во еден правец до Брисел за мигрантите и барателите на азил во земјата објави ахенцијата АП.

Шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Гергељ Гуљаш, ја објави понудата како одговор на високите казни што неодамна и беа наметнати на Унгарија поради нејзината рестриктивна политика за азил.

Европскиот суд на правдата и нареди на Будимпешта да плати казна од 200 милиони евра за „постојано кршење“ на правилата за азил на блокот, со дополнителна дневна казна од 1 милион евра додека политиката не се усогласи со правото на ЕУ.

Ако ЕУ продолжи да ги присилува регулативите на Унгарија по секоја цена, тогаш на секој мигрант ќе му понудиме „бесплатен превоз до Брисел“, порача Гуљаш.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK