декември 23, 2024
Ви предлагаме лесен и нискокалоричен оброк, преубава и уникатна салата!   Проверено вкусна и свежа!

Состојки:

7-10 листови марула/салатка
1/2 калинка
2 парчиња лимон сечени на кругови
4 ореви (8 јатки)
свежо цеден сок од половина лимон.

Подготовка:

Најпрво со ладна вода убаво измијте ги листовите зелена салата, а потоа со помош на кујнска даска и добар остар нож, внимателно издробете ги парчиња со ширина од околу 1 см.
Калинката прво измијте ја, а потоа издвојте ги само семките во посебен сад.
Оревите скршете ги, а ако сте купиле јатки само исечкајте ги со помош на нож, со исклучок на две јатки или 1 орев кој ќе остане за декорација одозгора.
Исцедедете сок од половина лимон.
Откако сте ги припремиле сите состојки, сервирајте ја салатата.
Прво ставете ја зелената салата и полека рамномерно налејте го свежо цедениот сок од лимон.
Наросете од калинката и сечканите ореви.
Декорирајте со круг засечен лимон и 2 јатки од орев на средината на салатата или декорирајте поинаку по своја желба.

На здравје!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK