НБА легендата Ирвинг Меџик Џонсон жестоко одговори на повиците на младата ѕвезда Ентони Едвардс.
Играчот на Минесота Тимбервулфс, Ентони Едвардс неодамна зборуваше за квалитетот на играчите кои играле во 1990-тите. Потценувачки тој изјави дека играчите во тоа време не поседувале посебни вештини.
„Велат, тогаш било потешко отколку сега, но мислам дека тогаш никој немал вештина. Мајкл Џордан беше единствениот кој навистина имаше вештина, знаеш на што мислам? Затоа, кога дојде Коби Брајант, сите велее „О, Боже мој“, но сега секој има вештина“.
Иконата на Лос Анџелес Лејкерс Меџик Џонсон му одговори на Едвардс.
„Никогаш не се споредувам со момче кое никогаш не освоило првенство. Не ја освоил ниту НЦАА титулата, не знам ни дали освоил првенство во средно“.
Едвардс минатата сезона ја предводеше Минесота до финалето на Западната конференција, што засега е најголемото достигнување во неговата кариера.
The post Меџик за изјавата на Едвардс: Тој не освоил ништо во кариерата appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде