октомври 30, 2024

Салма Хајек не ја крие седата коса, а споделувајќи фотографии во бикини уште еднаш се пошегува со својот изглед.

Имено, таа објави фотографии на кои позира во костим за капење на брод, покрај шпанското знаме. Таа ја искористи приликата и да се пошегува на сметка на својот изглед.

„Жолти бикини + бела коса = совршена комбинација“, напиша таа, истакнувајќи ги седите прамени кои се покажуваат низ нејзината црна коса.

Хајек може да се види во дводелно жолто бикини, со големи очила за сонце и малку накит додека позира на брод.

Мексиканско-американската актерка и претходно ја покажа својата седа коса и еднаш откри како ги „крие“. Потоа се пошегува дека едноставно не треба да носите очила, покажувајќи како кога ќе ги подигне до врвот на главата, се истакнуваат нејзините бели прамени.

Бидејќи со години го привлекува вниманието со својот природен изглед, актерката признала и дека не користела ботокс. За подкастот на Кели Рипа „Let’s Talk Off Camera“, Хајек тврдеше дека го одржува својот младешки изглед со медитација.

Салма неодамна имаше можност да го носи олимпискиот факел пред отворањето на Олимписките игри во Париз, на кои присуствуваше заедно со многу други познати личности.

The post Салма Хајек повторно ја покажа седата коса и се пошегува: „Жолти бикини и седа коса, совршена комбинација“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK